Пратеник: Реџепи се потпишал веднаш до Левица, Заев врши невиден притисок за да остане на власт

Премиерот во заминување 3аев продолжува со својата пракса и врши невидени притисоци во Собранието на Република Македонија со цел да ја сочува власта вели пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето гостување во утринската програма на Телма.



Пренџов на вчерашната посета на Заев на Собранието на Република Македонија гледа како на притисок и посочува дека се вршени закани и уцени врз пратеници со цел да не гласаат за недоверба на Владата.

Пример за делувањето на Заев е премислувањето на пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџеп, вели пратеникот посочувајќи дека најпрво се потпишал на списокот за гласање на недоверба на Владата, за потоа да најави дека го повлекува потписот наводно поради тоа што не знаел дека пратениците на Левица ќе бидат дел од оние пратеници кои ќе ја изгласаат недовербата на Владата.

Индикативно на сето ова кое го говори Пренџов е фактот што потписите на пратениците на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев стојат веднаш до потписот на Скендер Реџепи што упатува дека пратеникот ниту бил излажан, ниту измамен и знаел кој се ќе гласа за недоверба на Владата.

Пратеникот Пренџов кој е од ГРОМ беше еден од оние на кои им се вршеше силен притисок од Заев на почетокот на ова Собрание да ја напушти опозицијата и да се приклони на власта.