Пратеник од парламентиот на Словенија вчера поднесе оставка поради тоа што „украл“ сендвич во супермакрет.
Дариј Крчичиќ, се обидел да објасни дека заминал без плаќање, бидејќи вработените во супермаркетот не му обрнувале внимание -го третирале „како воздух“- и продолжиле да разговараат.

„Морав да стојам околу три минути на каса“ , изјави тој.
Меѓутоа, бргу потоа се вратил да плати за сендвичот и се извинил.
Шефот на парламентарната група на на која припаѓа 54 годишниот пратеник Крчичиќ , Бране Голубовиќ, ја осуди постпката како „неприфатливи“ и рече дека пратеникот „мора да сноси одговорноста, во согласност со високите етички стандарди на ЛМС (Листа на Марјан Шерец)“.





