Пратеник на власта бара расчистување на скандалите со Пописот во Собранието

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов бара Собранието да расправа за пописот, објави Слободен Печат.



Трајанов го доставил барањето до претседателот на Собранието Талат Џафери и бара за Информацијата за пописот да се расправа на наредната седница.

Трајанов предлага Собранието да донесе измени и дополнувања на Законот за попис за да се изостават граѓаните во странство и да се надмине скандалот со 132.000 непопишани граѓани во делот на етничката, јазичната и верската припадност.

Предходно СДСМ, ДУИ и Пендаровски пописот го оценија за успешен.