Наспроти смирувањето на јавноста од неговиот партиски лидер и премиер Димитар Ковачевски дека преземените економски мерки им го олесниле на граѓаните излегувањето на крај со кризата, пратеникот Мартин Костовски од СДСМ во дебатна емисија на Алсат-М се пожали дека со неговата плата од 1.000 евра не може да врзе крај со крај.
Сеирџиите на Твитер веднаш му посочија на причините за тоа: понудата од пратеникот од Куманово до сограѓаните да ги вози бесплатно до Скопје и патем да ги споделат проблемите со него, го „изеде“ инфлацијата…






