Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кани на двобој колега пратеник и двајца правници кои според него го осудиле.
Предходно пратеникот Мартин Костовски избегнал ТВ дуел со Петрушевски кој беше осуден за клевета од кумановскиот судија Неџат Мемети иако има имунитет затоа што исказот за кој е осуден е кажан од собраниската говорница.
,,Мартин Костовски вечерва избега од јавно соочување со мене. Очигледно му недостига храброст и знаење.
Затоа, за да не се чувствува инфериорен, го повикувам да одбере време, медиум и новинар, да ги повика и неговиот адвокат и нивниот пријател судијата што ме осуди, па да ги соочиме јавно аргументите околу пресудата – тие тројца правници, јас ИТ инженер”, пишува Петрушевски во поканата за ТВ двобој.






