Пратеник на БЕСА го трола политичкиот блеф на СДСМ и ДУИ со оставките

Пратеникот на БЕСА Фадиљ Зендели со иронија и сарказам го коментира политичкиот блеф на СДСМ и ДУИ откако денеска од Мала Речица стигна информација дека министрите и функционерите на ДУИ поднесле оставки до премиерот Ковачевски кои ќе бидат ефектуирани ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.



Зендели кој предходно рече дека нема да гласа за уставни измени ако не во него не биде ставен албанскиот јазик наместо јазикот на заедницата кој го говори 20 проценти од населението.

Пратеникот вели дека и тој ќе си даде оставка ако власта гласа за ставање на албанскиот јазик во уставот.

,,Како пратеник ќе си поднесам оставка, ако ДУИ и СДСМ гласаат за отстранување на 20% и АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК биде впишан во Уставот“, им напиша професорот Зендели на Ковачевски и Ахмети.

Ако Ковачевски ги прифаќа оставките на министрите на ДУИ тој утре мора да ги достави до Собранието каде треба да бидат процесирани.

Ако Ковачевски не ги прифати тогаш ја крши процедурата и признава дека заедно со ДУИ прават политички блеф

Ковачевски падна во замката на Ахмети, утре оставките на министрите од ДУИ мора да се поднесат во Собранието