Пратеник: ,,Лудаците од власта ги корегираат резултатите од пописот”

Лудаците од власта ги корегираат резултатите од пописот во од и си измислуваат бројки, објави пратеникот на Левица Борислав Крмов кој забележува дека ,,Од првични 355 атеисти, сега станаа 8.764?!”.



,,Има ли поголем доказ од ова за каков фалсификат се работи!? Каков е овој попис по нарачка ли? Ова е невиден скандал!
Сите ќе одговарате!”, пишува пратеникот.

Предходно директорот на Заводот за статистика Симовски изјави дека секое дополнување на пописните резултати ќе се смета за ,,упад”.