Пратеникот на СДСМ од Велес Ненад Коциќ денеска се приклучил на група на Фејсбук која се противи на укинување на печатените учебници како што предлага министерката за образование Мила Царовска.
Во својот пост Коциќ се обидел да објасни дека Царовска е во право и дека учебниците нема да бидат целосно укинати но добил толку силни критики и реакции што морал да го повлече својот коментар.

Во групата која достигна 41 илјади членови за нецели два дена пратеникот на СДСМ добил аргументирани критики но бил и грубо напаѓан за своите ставови поради што неговиот пост кој беше јавен попладнево веќе не е достапен на групата.
Линк до групата против укинување на печатени учебници која е една од најбрзо растечките во Македонија.






