Пратеник излезе на автопат за да го фати премиерот во лага: „Велат дека овој дел е завршен, а целиот е ископан“ (ВИДЕО)

На седницата за пратенички прашања Ковачевски кажа дека овој патен правец е завршен, па ете од самиот патен правец докажуваме дека ова е уште една лага од имагинарниот свет на СДСМ, Ковачевски и Бочварски

Пред 10 дена од терен докажавме дека лаже министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за тоа дека е пробиена трасата на автопатот Кичево-Охрид, а денеска директно од терен докажуваме дека лаже и премиерот Димитар Ковачевски за изградени и реконструирани 1.300 километри патишта од регионалниот пат Катланово – Петровец, порача пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, снимајќи се директно од автопатот.



– На седницата за пратенички прашања Ковачевски кажа дека овој патен правец е завршен, па ете од самиот патен правец докажуваме дека ова е уште една лага од имагинарниот свет на СДСМ, Ковачевски и Бочварски во кој имаат завршено 1.300 километри патишта, додека во реалниот свет граѓаните на Република Македонија возат по дупки и распаднати патишта. Потребни се итни предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе ги испратат овие измамници во историјата и ќе дојде нова влада која ќе ја направи Македонија едно огромно градилиште – вели Стојаноски.

https://www.facebook.com/plugins/video.php?height=314&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FBStojanoski%2Fvideos%2F580497770214802%2F&show_text=false&width=560&t=0