Се прашувам дали последните изблици на патриотизам од страна на Димитриевски се перење на совеста или предизборна манипулација, пишува пратеникот Бране Петрушевски по реакцијата на кумановскиот градоначалник на петте точки на Љубчо Георгиевски.
Петрушевски потсетува дека Димитриевски се борел за промена на уставното име на Македонија.
“Еве го неговиот став за референдумот за промена на името, кога активно работеше во кампањата ЗА и гласаше на истиот”, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ објавувајќи линк од изјави со поддршка за промена на името од градоначалникот на Куманово.
Се прашувам дали последните изблици на патриотизам од страна на Димитриевски се перење на совеста или предизборна манипулација?
Еве го неговиот став за референдумот за промена на името, кога активно работеше во кампањата ЗА и гласаше на истиот.https://t.co/yMsg2XF9UW
— Бране Петрушевски (@belichMacedonia) February 28, 2021






