Антонио Милошоски ги кани ЕУ и ОБСЕ да видат кој е моќникот во „Моќник“ меѓу сведоците на Фатиме Фетаи, пишува во текстот на Плусинфо.мк кој се однесува на случајот во кој се гони пратеникот на опозицијата.
“Се добива впечаток дека обвинителството како да сакало да ја засили грандиозноста на позицијата на моќникот во „Моќник“ до таа мера, што не беше јасно кој всушност е моќникот, посебно кога се дозна, дека продадениот објект, изграден во 1950 година и земјиштето се платени, а дека „заблудените“ советници со прст не мрднале да пријават какво било сторено кривично дело, ако се сомневале дека е оштетена општината Македонски Брод. Чекале ли некој политички да ги мотивира за да преземат макар и еден чекор во заштита на општинскиот имот? Дали пријавиле и во која институција, како биле заведени? Колку ли одлуки донеле во заведена состојба? Како ги бранат интересите на граѓаните ? Дали чувствуваат одговорност?”, прашува авторката Стојанка Митреска во текстот.
“Домашни и странски експерти ангажирани од ЕУ и ОБСЕ се очекува напролет да почнат мониторинг на македонски судски случаи на висока корупција, а според најавата на премиерот Зоран Заев годишно би требало да бидат проследени педесетина предмети.
Пратеникот Антонио Милошоски, еден од обвинетите во случајот „Моќник“ веќе ги известил и ги покани овој предмет да го следат „Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, со цел самите да се уверат, како што вели, дека се работи за арбитрарен, правно неоснован и политички мотивиран случај.
Тој за Плусинфо ја коментира најавата за европскиот мониторинг на судските предмети во Македонија, прва држава во регионот каде што ќе се спроведе правен надзор.
– Тоа што Македонија ќе биде првата земја во регионот каде стручни правни лица од ОБСЕ и ЕУ ќе мониторираат судски случаи од висок профил, не е за пофалба за државата, туку само потврда дека голем дел од домашната и меѓународната јавност не гледаат со доверба на состојбите во правосудството, а пред се поради доминантното влијание на владата врз една група на обвинители и судии. Но, кога веќе ваквиот правен надзор од ОБСЕ и ЕУ се јавува како нужност во македонскиот систем, тогаш истиот може да биде корисен за зголемување на законитоста и транспарентноста, особено на случаите кои обвинителството ги води претежно заради политички мотиви, а без издржана правна основаност, за каков што го сметам и предметот кој го водат против мене – вели Милошоски во текстот кој може да го прочитате во целоат на следниот линк.





