Претседателот на собранието Јован Митрески ја закажа седницата на која ќе се разгледува Предлог на законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ поднесоа предлог до Собрание да се направат измени и во Законот за патните исправи.
Во меѓувреме, СДСМ сакајќи да си го препише како успех поднесувањето на законските измени и сакајќи да испадне херој пред граѓаните, поднесе измени во законот кој се однесува на возачките дозволи, сообраќајните како и осигурителните полиси. Зошто претседателот на собранието не ги стави измените во законот за патни исправи како што претходно предложи и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски останува нејасно.





