Пратениците избираат уставен судија

На денешното продолжение на 106-та собраниска седница на дневен ред е Предлогот за избор на нов судија на Уставниот суд.



Пратениците ќе гласаат за предложената Елизабета Дуковска.

Дуковска дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 19 октомври 1987 година, правосуден испит положила во Скопје на 15 февруари 1990 година. Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I – Скопје на 19 март 2004 година, каде постапувала по предмети во стечајното одделение, пишува Слободен печат.

Од јули 2007 година работела како стечаен судија во Основен суд Скопје II – Скопје, а на 19 ноември 2009 година е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на совет.

Дуковска треба да го заземе местото на судијката Вангелина Маркудова, чиј мандат истече минатата година.