Пратеничката група на СДСМ собрала 20 потписи колку што се потребни за иницијатива спикерот на собранието Талат Џафери за свикување на парламентарниот состав, дознава СДК.
Иницијативата со потписите тие ќе ја поднесат до спикерот утре.
За иницијативата за свикување на парламентот, претседателот на Собранието Џафери ќе се изјасни откако ќе биде поднесена до него, велат од кабинетот.
Џафери во неколку наврати изјавуваше дека нема да го стори тоа.






