Плакати со кои се повикуваат грчките пратеници да гласаат против Договорот од Преспа се појавија во градовите на грчкиот регион Македонија и Северна Грција, пишува електронското издание на „Прототема“.
Групи, кои се противат на договорот, на централни места низ градовите лепат плакати со ликовите на пратеници од СИРИЗА и Независни Грци, и со прашање: „Дали ќе ја предадете нашата Македонија“.
Во недела, во Атина е закажан протест против Договорот од Преспа, во организација на повеќе здруженија од земјата и од грчката дијаспора.





