Членови на парламентарната комисија за надзор врз Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање ќе имаат точни информации за состојбите во АР по активната контрола врз работата на Агенцијата за разузнавање која е под контрола на претседателот на државата, брифираат извори во АР.
Тајната служба која има задача да предупредува на опасност по државата и да спречува закани од странство има обврска на пратениците кои ја вршат проверката да им ги обезбеди сите неопходни податоци кои ги бараат.
Пратениците членови на комисијата за контрола на АНБ и АР имаат безбедносни сертификати кои им овозможуваат пристап до тајните документи на агенцијата чиј директор го именува претседателот на државата.
Во моментов директор на АР е Еролд Муслиу именуван од Стево Пендаровски.
Муслиу имаше неколку предмети пред Антикорупциската комисија каде беа утврдени прекршувања на законите но наместо да биде санкциониран претседателката на ДКСК Билјана Ивановска предложи промена на законот за АР.
Скопското јавно обвинителство во декември експресно ја отфрлило кривичната пријава од АР против новинарите на емисијата ,,Заспиј ако можеш” Горан Момироски и Драган Милосављевиќ за наводна објава на класифицирани информации поврзани со агенцијата.
Дали пратениците ќе прашуваат и за наводите за состојбите во агенцијата објавени во емисијата на Момироски и Милосављевиќ од 11 јануари лани засега нема никаква официјална информација од собраниската комисија или од АР.
Фотографијата е од ланската посета на членовите на комисијата на АР. Меѓу пратениците кои што сега вршат надзор ја нема Славјанка Петровска (фустан во ,,лила” боја) која стана министер за одбрана.






