Премиерот Димитар Ковачевски да ги достави во Собранието нацрт документите за кои се преговара со Бугарија бараат група пратеници од опозицијата.
Во писмото до премиерот тие повикуваат на дебата за овие документи во собраниската Комисија за надворешна политика.
„Пратениците, како претставници на граѓаните имаат право да бидат запознаени со најновиот развој на настаните во македонско-бугарските односи, а вие како премиер имате обврска да дадете отчет пред пратениците и да доставите информации по нивно барање, согласно начелото на поделба на власта и воспоставените стандарди во државите членки на ЕУ“, се вели во писмото до Ковачевски. МКД.Мк.







