Пратеници денеска доставија пријава за повреда на Етичкиот кодекс и поднесоа барање да се свика седница на Комисијата за имунитетно мандатни прашања за недоличното однесување на собранискиот претседател Талат Џафери кој минатата недела искажа пцости и навреди кон вработени во собраниските служби..



На седницата – според барањето на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, од ГРОМ и од Социјалистичката партија со докази и најмалку четворица сведоци – се бара да се отвори постапкате има единствена точка на дневниот ред: постапка за утврдување на тешка повреда на Кодексот за етичко однесување на пратеникот Талат Џафери кој, како што се вели во пријавата, на крајно вулгарен и понижувачки начин изврши притисок и мобинг на вработени во Собранието на висок тон и со пцости.

Во барањето за седницата пратениците наведуваат дека за овој настан ќе посведочат и сведоци кои биле присутни во салата, а доставија и материјал во електронска форма за инцидентот.

На пријавата се потпишани 22 пратеници колку што денеска биле присутни во законодавниот дом, но оваа иницијатива со која се бара да се утврди одговорност и да му се изрече јавна опомена која не исклучува и суспензија на сикерот Талат Џафери, има целoсна поддршка од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и oд пратениците од СП и ГРОМ.