Пратеничката група на коалицијата “За обнова на Македонија” е единствената која досега не се распаднала во историјата на Собранието.
Ова го анализира пратеникот Љупчо Пренџов кој се гордее што е дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За обнова на Македонија” затоа што таа, како што вели велешанецот, испишува историја.
Пренџов дава повеќе причини зошто е горд што е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ:
– Затоа што сме единствена опозициона пратеничка група во досегашната парламентарна демократија која што влегла во Собрание со 44 пратеници и со толку сме излегле.
– Затоа што сме пратеничка група која не е спремна да се договара со никого и за никого.
– Затоа што сме имуни на разно разни пазарења, сплеткарења, преговарања и договарања позади грбот на граѓаните.
– Затоа што не се плашиме од ничии закани, не подлегнуваме на уцени и притисоци.
– Затоа што знаеме што сакаме, имаме цел и сме мотивирани да ја исполниме.
– Затоа што единствената водилка во политичкото делување ни е Македонија и интересите на граѓаните”, порачува Пренџов кој повторува дека: ,,Бугарски диктати не прифаќаме и за уставни измени НЕМА да гласаме”.
Сите предходни пратенички групи на сите партии од формирањето на парламентот започнувале во еден состав за во текот на првите години на мандатот да се поделат или намалат.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја тераат третата година од својот мандат.






