Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајковска со помош на методот на филибастеринг успеа злачително да го одложи изборот на Јавниот обвинител Љубомир Јовески за уставен судија.
На собраниската расправа за изборот на Јовески за член на Уставниот суд Стаменковска Трајковска цели 10 часа активно зборувала на комисиската расправа со што постави рекорд за дебатирање во собранието од еден пратеник.
Тактиката филибастеринг не е непознаница за македонската парламентарна демократија. Филибастерингот (терминот доаѓа од холандскиот збор за пират) досега повеќепати бил применуван во македонскиот законодавен дом а означува право на долга расправа по одредено прашање.
Предходно овој метод го користеле и други пратеници како сегашниот спикер на Собранието Талат Џафери кој читаше поезија или молчеше но ова е прв пат пратеничка активно да зборува толку долго.
,,10 (десет) часа активно зборување на комисијата од страна на колешката Бети Стаменковска.
Поставен е рекорд.
Јовевски не заслужува да биде Уставен Судија!
Бети, секоја чест”, и напиша на својата колешка пратеникот Драган Ковачки за вербалниот подвиг.







