Пратеничка откри афера и му се закани на Спасовски: Не ме барајте, јавно ќе ве кажам

Реакција на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за неговата изјава дека за уставни измени ќе се разговара со сите пратеници.



Стојаноска му се закани на министерот дека ако ја побара да разговара за уставните измени јавно ќе каже за притисокот од извршната власт кон законодавната власт.

Пратеничката во исто време открива афера во која најверојатно пратеник на власта се вози во возило на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

,,Оливер, еве денес на пример, има најголема одговорност да објасни како пратеник од власта се вози во службено возило на АНБ?!? Така ли прават у ЕУ?!?
Оливер, на пример, мене не ми се обраќајте, зашто јавно ќе ве кажам. Заради транспарентноста, де”, му порача Стојаноска на Спасовски.

Пратеничката во хаштазите на пораката открива дел од сообраќајната регистрација на возилото на АНБ во кое се возел пратеникот за кој зборува Стојаноска.

Таа дополнително ја открива и адресата каде е фатен пратеникот кој се возел во возило на тајната служба.

#GV127АN
#Ул18Ноември
#Душеш