Пратеничка на СДСМ: Дизелот не е скап за сиромашните, тие немаат автомобили

„Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани, бидејќи 60 отсто од сиромашните домаќинства немаат автомобил“, изјави денеска пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ.



Мнозинството денеска го одби предлогот на опозицијата да се укине еколошката маржа од 3 денари за дизелот која беше воведена како мерка против загадувањето.

Аргументите на Стојчевска се дека граѓаните се ионака сиромашни да купат кола а богатите немаат проблем со 3 денари поскап дизел.

Пратеничката за 9 месеци од собранието наплатила 11700 евра за патни трошоци.