Ден пред Денот на албанското знаме во тетовското село Порој нема ни трага ни глас од македонското знаме, наспроти одредбите од Законот за употреба на знамињата, кој предвидува покрај знамето на националностите во пригода како оваа да биде истакнато и знамето на државата Македонија, и тоа една третина поголемо.






