По настапот на поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски во МАНУ, на кој упати толку остри критики што реагираше дури и СДСМ, твитерџика постави „прашање за милион денари“ во врска со грејачот на неговата фотелја во партијата додека беше шеф на државата, а сега и лидер на социјалдемократите, и премиер Зоран Заев.
Црвенковски го помилува Заев во 2008 година уште пред да стигне во судница случајот со трговскиот центар „Глобал“, за кој беше притворен тогашниот градоначалник на Струмица заедно со уште пет лица. Тие беа осомничени за непочитување на правото на денационализација, за прекршување на Законот за јавни набавки и за градба на државно земјиште без согласност на Владата.






