Нелогичноста и очигледната правна неконзистентност на објаснувањето за тоа кој, кога и како го пријавил криминалот на Боки 13 најдобро се објаснети во едно единствено прашање поставено на социјалните мрежи.
Иако во објаснувањето на ОЈО има и други сомнителни аспекти овој аспект ги открива сите манипулативни потенцијали на случајот кој е далеку од готов и расчистен.
На прашањето треба да одговорат Рускоска и ОЈО, Заев но и Европската Унија како фактор што врши мониторинг на злоупотреба на власта во Македонија.
Прашањето е јасно и едноставно
Русковска вели дека Заев пријавил кај неа рекет ама таа му кажала жртвата подобро било да пријави. Прашањето е што ако жртвата не пријавила? Тоа значи дека милионите ќе останеле, а рекетарите ќе си продолжеле со рекетот. И зошто веднаш не постапила по дојавата?
— Адмирал (@vodacot) July 19, 2019





