57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија во 2016 година била погрешна, во споредба со 32 отсто кои мислат дека тоа е вистинската, покажа анкетата на YouGov објавена денеска.
Повеќе од половина, 55 отсто, би гласале за повторно влегување во ЕУ, наспроти 31 отсто кои рекле дека би биле за останување надвор од Унијата, пишува Гардијан.
Анкетата на YouGov во која учествуваа повеќе од 2.000 Британци покажа дека 63 отсто сега го гледаат Брегзит повеќе како неуспех отколку успех, во споредба со 12 отсто кои го сметаат за повеќе успех.






