Актерката и режисерка Милиана Ленак (Додевска) вчера претпладне со скок од зграда си го одзела животот, објави Телма. Информацијата ја потврдија и од МВР. Трагичниот настан се случил на 20.12 2019 година во 11,3о часот.
Таа имаше 41 година и беше самохрана мајка, а зад себе остави малолетна ќерка.
Ленак е основач на детскиот „Буден театар“, кој создава претстави за деца, а беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал „Фенер“.
Милиана Ленак (Додевска) дипломирала на театарската академија Крсто Сарафов во Софија. Имаше постдипломски студии по режија од Меѓународната школа на ФАМУ во Прага





