Пратеникот во македонското Собрание и
лидер на ДУИ, Али Ахмети за десетина дена ќе сведочи пред обвинителите кои ги истражуваат индициите за злосторствата на УЧК на Косово.
Ахмети на 2 септември ќе оди во Приштина како сведок кој е повикан да расчисти дел од прашањата содрѓани во обвиненијата, информираат за ТВ21 од кабинетот на Ахмети.
Од кабинетот на Ахмети велат дека тој ќе замине во Приштина на 2 септември за да сведочи за неговата улога во ОВК.
Меѓународните обвинители на лидерот на ДУИ му најавиле дека треба да биде два дена на располагање за сведочењето.
На крајот на јули јавноста беше информирана дека Ахмети добил покана од Специјалното обвинителство за воените злосторства на Косово е поканет како сведок за настаните од 1998 и 1999 година.
Вчера приштински медиуми јавија дека Ахмети може подоло време да биде зафатен со процесот и поради тоа ќе треба да се избере ВД лидер на ДУИ.






