Ѓезве што компанијата Гранд Кафе го продава заедно со кафе во Македонија се распаѓа при варење на омилениот пијалок, објавува граѓанин на социјалните мрежи.
,,Grand Kafa следниот пат кога ќе продавате кафе со вакво ѓезве барем нека биде ОГНООТПОРНО! Срамота! Се распадна на рингла бе!”, објавува граѓанин кој приложува и фотографија од уништеното ѓезве на која се гледа дека недостасува дел од садот.

Инспекциите и другите државни институции досега не реагирале на ѓезвето кое може да предизвика изгореници кај луѓето што го користат.





