Позитивната пратеничка со скафандерот ќе биде нова министерка за култура на СДСМ

Пратеничката позната по тоа што додека беше позитивна за потребите на пратеничката група на СДСМ во Собранието облече скафандер и влезе да гласа во законодавниот дом ќе биде нова министерка за култура во владата на Димитар Ковачевски.



Нејзината нова позиција ја потврдуваат високи партиски и владини извори блиски на СДСМ.

Бисера Костадиновска Стојчевска е родена 1986 година.

Таа е актуелен пратеник од СДСМ и висок член на раководството на партијата по доаѓањето на Ковачевски на чело на Бихаќка.

Доаѓа од Битола по занимање е професорка по англиски јазик на Педагошкиот факултет Битола.

Доколку добие поддршка од мнозинството таа ќе биде новата министерка за култура, на местото на актуелната министерка Ирена Стефоска.

Стојчевска за време на инцидентот со скафандерот влезе во жестока вербална расправа со опозицијата и со граѓани кои ја критикуваа за влезот во собранието под специфичен режим.

Таа тогаш најави и кривични пријави за опозицијата.

Се јави инфицираната пратеничка со скафандер, коментар дозволен само ако е позитивен

Војна со кривични пријави меѓу инфицираната пратеничка и опозицијата