Министерството за здравство информираше дека двајца македонски државјани се позитивни на коронавирус.
Едниот член на екипажот на јапонскиот крузер, кој е хоспитализиран во јапонска болница, но со лесна клиничка слика.
Во другиот случај се работи на наша државјанка којашто е во изолација во болница во Франција, информираат од Министерството.
За нивното враќање дома Министерството за здравство ќе биде навремено известено од тамошните власти, по што ќе бидат преземеме сите потребни мерки.




