Пожарот во РЕК Битола изгаснат , нема повредени, не работи ниту еден блок

Изгаснат е пожарот што избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола вчера вечер во 22.50 часот.



Нема повредени, информираа од АД Електрани на Македонија.

“Вчера вечер изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат”, стои во соопштението од АД Електрани на Македонија.

До подигнување на системот во РЕК Битола каде сега не работи ниту еден од трите блока струја се добива од Европската енергетска мрежа.