Пожарот во Грција, најсмртоносен во Европа од 1900 година

Податоците од Бриселскиот центар за проучување на епидемии и катастрофи покажуваат дека пожарот во Грција од 23 јули, бил најсмртоносен во Европа од 1900 година, соопшти АП.



Бројот на загинатите соопштен вчера е  91, а за исчезнати се водат 25 лица.

Се уште е неизвесен бројот на загинати деца, а меѓу оние кои го загубија животот се и четворица странци – Ирец кој бил на брачно патување, мајка и син од Полска и белгиски државјанин чија ќерка е спасена.

Грчката опозиција ја обвини владата дека првично го покривала бројот на човечки жртви, соопшти АФП.