Пожарот над Ајватовци е сеуште опасен и активен. Зафатена е поголема површина од најмалку 30 хектари зимзелена шума.
Според најновите информации, Оганот од едниот крак се движи во насока на репетиторот над Ајватовски рид.
-Не зафати еден страшен пожар. Над 100 хекатри се фатени, од нив 30 хектари се борова шума. Имаше критични ситуации каде беше загрозено селото Ајватовци и манастирот, но благодарение на пожарникарите, граѓаните, ДЗС и ЦУК, кои заедно со хеликоптерите и авионите, колку-толку се локализираше. Пожарот е опасен и активен и понатаму. Се надевам дека ноќта ќе биде тивка, а ние ќе бидеме будни цела вечер“, рече градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Вечерва ќе се гасне од земја. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека пожарот е веќе излезен од атарот на скопското село Ајватовци.
Ангелов најави дека уште од рано наутро двата полициски хеликоптера ќе почнат да дејствуваат на пожарот, а нешто подоцна ќе им се приклучат и двата авиони ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување.
– Постои опасност од ветерот пожарот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на Противпожарната бригада на град Скопје ќе се фокусираат да го сопрат огинот да се движи кон селото – изјави Ангелов.





