Пожарникарите со “Дајц” стар 50 години, Заев со мотори скапи 50 илјади евра

Голем број Струмичани и други граѓани на социјалните мрежи се гневни од вчерашните слики што ги видоа на двата настани што се случија во струмичкиот регион.



На едниот приватен настан премиерот Заев и министер за здравство Филипче се пофалија и се сликаа со мотори, таканаречени “квадови” кои можат да достигнат цена од 50 илјади евра по парче.

Линк до скапите мотори на Заев

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2589956707978013/?sfnsn=scwshmo

На вториот трагичен настан во кој гореше трговскиот центар “Глобал” во Струмица пожарникарите кои се бореа со огнената стихија како поддршка имаа 2-3 противоожарни возила од кои едното беше поддршка од противпожарната единица во Радовиш.

Ова возило кое е најверојатно од марката Дајц а кое го користеше и поранешната ЈНА е старо над 50 години.

Во првиот час од пожарот во Струмица од видеата на локалните медиуми се гледаат само неколку пожарникари со две возила како го гаснат огнот.

Доколку наместо “квадови” од 50 илјади евра екс градоначалникот а сега премиер Заев навреме купувал противпожарни возила за градот штетата од пожарот во Глобал ќе беше многу помала, коментираат граѓаните.

Она што исто така го забележаа дел од нив е одсуството на Заев од пожарот во Глобал иако бил во градот.

За човек кој беше обвинет и аболициран за нелегална изградба на трговскиот центар и кој е горд што е изграден чудно е што Заев на лице место не дојде да помага додека гореше Глобал, се вели во некои од коментарите.

Видеото од пожарот на Струмица денес

https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/312328600108088/

Најчитана вест

Апел МВР да реагира пред да биде предоцна https://www.expres.mk/stani-ministre-spasovski-vozat-prebrzo-kje-ubijat-nekogo-video/