Пожар избувна денеска во подрумските простории во зграда на улицата „23 октомври“ во Аеродром.
Причината за пожарот уште е непозната, но по негово настанување, експлодирале и две плински боци.
Според очевидците, пожарот настанал или од заварување, или од дотраена инсталација.
На терен интервенирале две противпожарни возила и десет пожарникари обезбедени со кислородни боци. Пожарот е локализиран во првата фаза, а во моментов се проверува дали е целосно изгаснат.







