Најмалку 27 лица загинаа во пожар во една психијатриска клиника, сместена во висококатница во јапонскиот град Осака, пренесуваат агенции.
Полицијата истражува дали пожарот бил намерно подметнат, соопшти јавната телевизија NHK.
Пожарот почнал на четвртиот кат, каде што е сместена психијатриска клиника и се верува дека сите жртви биле нејзини штитеници. Од 28 присутни, кај 27 е утврдена состојба на срцев застој, при што четири лица биле прогласени за мртви откако биле превезени во околните болници.







