Над 300 хектари шума е зафатена од големиот пожар кој вечерва зафати и дел од Националниот парк Галичица.



„Цела Преспа е во пламен. Гореше кај Отешево, Сирхан, прво трската околу езерото, а потоа ветерот го префрли огнот преку асфалтираниот пат и ја зафати шумата. Се движи кон Националниот парк Галичица. Немаме струја, се запали и далековод“, раскажува сопственик на вила во Сирхан.

Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски за САКАМ ДА КАЖАМ.МК изјави дека во тек е состанок на Кризниот штаб по неколкуте пожари што избувнале денес.