ПЧоради шумски пожари почна евакуација на луѓето од грчкиот остров Крф.



Шеесетина лица се евакуирани од плажата Нисаки на северозападниот брег, соопшти грчката крајбрежна стража. Во евакуацијата учествуваа шест бродови на крајбрежната стража и девет приватни бродови и чамци.

Ова е втор остров во Грција популарен меѓу туристите кој е зафатен од огромни пожари.

Пожари беснеат на островот Родос, а голем број жители и туристи беа евакуирани со приватни чамци од плажите бидејќи пламените јазици ги загрозиле одморалиштата и крајбрежните села.

Околу 19.000 гости и жители се евакуирани од Родос.

Пожарникарите во текот на ноќта се обидув аа да стават под контрола 82 шумски пожари низ Грција, од кои 64 започнаа во неделата, најтоплиот ден од летото досега, јави Катимерини.