Бројот на загинати во катастрофалниот шумски пожар што уништи град на хавајскиот остров Мауи се искачи на 36, соопштија локалните власти.



Шумскиот пожар уништи голем дел од Лахаина на Мауи, туристички и економски центар дом на околу 13.000 луѓе, и раселени стотици семејства.

Катастрофата принуди илјадници луѓе да го напуштат хавајскиот остров, објави Си-Ен-Ен.

До денес, 11.000 луѓе го напуштиле Мауи.

Гувернерката на Хаваи, Силвија Лук, ја нарече ситуацијата „невидена“. Во голем дел од островот, комуникациските врски се прекинати.

Локалните власти ги повикаа посетителите на островот Мауи да го напуштат што е можно побрзо. Болниците во регионот се преполни со жртви од пожарите.

Хаваи побараа од претседателот Џо Бајден да прогласи вонредна состојба.

Пожарите предизвикаа милијарди штета на инфраструктурата.