Повторно се тресеше земјата: Земјотрес во западна Македонија

Земјотрес со јачина од 3 степени по Рихтеровата скала кој најсилно го почувствувале граѓани на Дебар, Ростуше и други населени места се случил вечерва во 43 минути по полноќ.



Поместувањето според првичните информации се случил на два километри длабочина а се почувствувал на приближно 70 километри југозападно од Скопје и на 11 километри североисточно од Ростуше.

Очевидци на социјалните мрежи веднаш по земјотресот сведочат за силен подземен татнеж кој предизвикал вознемирување.