По втор пат за дваесетина дена на настани организирани од СДСМ не се пее националната химна.
На денешната трибина од серијата „На прав пат“ одржана во Битола повторно се случи никој од присутните јасно и гласно да не ја запее националната химна „Денес над Македонија се раѓа“.
За разлика од минатата трибина на СДСМ во Велес каде што се виде дека и највисоките функционери на владеачката партија не пеат, сега видеото не ги покажа Заев и другите високи сопартијци дали ја пеат химната.
Од тие што ги прикажуваше камерата на СДСМ само еден од присутните се обидуваше да фати некој збор од химната но и тој застана откако виде дека сите останати не пеат за Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Сандански.
Зошто врвот на СДСМ и нивните членови не ја пеат националната химна не е јасно.
Дали се работи за проблем околу споменување на Гоце Делчев поради Бугарија или зборот Македонија во текстот поради Грција засега никој од власта не кажува но евидентно е дека не се работи за еден инцидент туку план да не се пее химната.





