Повторно горат бараките на поранешниот суд за прекршоци во Градскиот парк (видео)

Повторено горат бараките каде порано се наоѓаше судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје. Пожарот избил вечерва, а како што ни изјавија од Бригадата за противпожарна заштита, во моментов неколку екипи се на терен и го гаснат пожарот.



Ова е вторпат за неколку месеци да горат овие бараки. Старите судски бараки се запалија на 26 октомври и тогаш во пожарот штета беше направена и на салата Партизан и на ресторанот „Томче Софка“.

Видео од пожарот: https://www.facebook.com/watch/?v=190661089895013&t=14