Парите од данокот за купените производи од 10 до 12 октомври најверојатно ќе бидат вратени по ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој максимум треба да се расправа 5 дена, односно до крајот на неделава.



Беше речено дека граѓаните парите од ДДВ ќе ги добијат во рок од 15 дена.

Од министертвото за финансии велат штом биде изгласано прекројувањето на државната каса ќе почне и реализацјата на мерките од четвртиот пакет,  меѓу кој е и мерката  Викендот без ДДВ, како што и било претходно најавено, јавува Сител.

Целиот данок ќе им биде вратен на сите оние кои за време на викендот на ДДВ купиле домашни производи и ИТ опрема до 30 илјади денари и притоа ги скенирале фискалните сметки.