„Сега 18.000 денари мислам дека не е многу, ама за еден скромен живот ќе се онади. Мислам дека и понатаму ќе растат платите, ако работиме повеќе, директорите ни носат нови и нови машини и продуктивноста ќе расте“, вели Полику Авдиу, кој 18 години живеел во Германија, по што се вратил и нашол работно место во Македонија
Изјавата на Авдиу, дека ни Германија не е она што беше и дежкла по 18 години се вратил во Македонија и работи како шивач, беше дадена по посетата на премиерот Димитар Ковачевски фабриката „Текстил солушн“, каде работи.
Изјавата пшредизвика бурни реакции во јавноста.
Авдиу оценува дека условите за работа во земјава постојано се подобруваат, како во однос на унапредување на технологијата на машините, така и во насока на зголемување на платата, со што се подобрува куповната моќ и стандардот за живеење.
Инаку, компанијата „Текстил Солушн“ се занимава со производство на специјален тип на заштитна облека, наменет исклучиво за извоз на европскиот пазар, и има вкупно 80 вработени, од кои дел земаат минимална плата.







