Обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ го повлече обвинението за поранешната советничка и експратеничка Даниела Рангелова како и за Борче Богдановски и Милан Андоновски.



За обвинетата Рангелова, Фетаи рече дека во текот на главната расправа произлегло дека од нејзините дејствија не произлегува делото за кое се товари..

„Од изнесените докази не се покажа нејзина инволвираност во делото и од тие причини не опстанува обвинението против неа“, изјави Фетаи. (Плусинфо)