Германците и Словенците јадат поевтина храна за разлика од Македонците, ама затоа пак имаат и далеку повисок стандард, зачинет со пониски цени. Кај нас, ем низок стандард, ем цени до плафон, ама затоа власта постојано се фали дека храната и пијалаците поефтинеле за 10%, односно за 2 до 5 денари, пари што на граѓаните не им значат ништо. Конкретно, словенечките ланци на маркети почнаа да ги намалуваат цените, ама сериозно, а некои производи поефтиниле и за 50%, пишуваат тамошните медиуми. И во Германија храната поевтини за над 30% со плати од над 2.000 евра, ама затоа пак кај нас, толкаво поевтинување, а и стандард – може да има ама на сон.
Дека Германија прави се нивниот граѓанин да ги задржи во и онака развиената земја, потврди и германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир кој е во посета на Македонија. Новинарите го прашаа на што се должи тоа што им се помага на граѓаните, а тој рече дека Европската Унија е тоа што двете земји ги прави различни. Според него, ако Македонија стане членка на ЕУ, се би било поинаку, и во однос на цените и во однос на економијата.

И додека германскиот министер ги кажуваше бенефитите за неговата земја, нашиот за земјоделство „бледо“ го гледаше, и не знаеше што да додаде. Џем Оздемир рече дека Германија има јасна определба и сака колку што е можно побрзо Македонија да стане членка на ЕУ, за работите да мрднат од мртва точка.

И додека во Македонија цените на храната се намалени за некој денар, во земјите од соседното, конкретно во Словенија, во просек цените за 1.500 производи биле намалени од 40% до 50%. Станува збор за свинското месо, сончогледовото масло, млечните производи, тестенините, брашното, како и овошјето и зеленчукот. Овие информации ги објавија тамошните големите ланци на супермаркети, за разлика од кај нас, каде што залепија само етикета на која пишува „гарантирана цена“, која добар дел од трговците не ја почитуваат.
Дека тоа е така, инспекцијата до сега стави клуч на врата за над 15 маркети, како од Скопје, така и од други градови од внатрешноста оти не ги намалиле цените. Тие треба да платат казна од над 100.000 евра.





