Повика ли Филипче на бојкот на изборите во Штип и Пласница (ВИДЕО)

Министерот за здравство Венко Филипче вчера со порака контра неговата партија СДСМ која веќе номинираше кандидат за градоначалник на Штип и се подготвува за изборна трка во која ќе гласаат над 50 илјади луѓе.



Филипче вчера апелираше граѓаните да седат дома и да не излегуваат освен ако немаат навистина потреба од тоа.

Со тоа Филипче и се придружи на целата опозиција која вели дека гласањето во Штип и Пласница треба да се одложи од здравствени причини.