Асоцијацијата “ИАБ Македонија” ги повикува сите заинтересирани веб портали, кои сакаат да се вклучат во официјалниот систем за онлајн мерење а кои досега не се пријавиле во ИАБ, тоа најдоцна да го сторат до 15ти ноември, кога се заклучува финалната листа на портали кои ќе почнат со мерење.
Официјалнот мерење на веб порталите е проект кој ИАБ Македонија го започна на почетокот на годината. По пат на тендерски процес беше избрана компанијата Ипсос како изведувач на мерењето.
Сите портали кои нема да се вклучат до наведениот датум ќе имаат дополнителни трошоци за влез.
Во официјаното мерење досега се вклучени поголем дел од порталите во Македонија.
Сите кои сакаат да добијат повеќе информации и да се вклучат во мерењето можат тоа да го направат на е-меил адресата: frosina@iab.mk или на телефонскиот 071/ 392 719.
Interactive Advertising Bureau (IAB) е светска организација за унапредување на дигиталниот маркетинг. Основана е 1996 во Њујорк а во моментов има 43 ИАБ лиценцирани канцеларии кои работат во земји ширум светот и една регионална IAB канцеларија, во Европа.
IAB здружението во Македонија е отворена 2012 година, а во него членуваат голем број на маркетинг агенции, медиуми и компании кои се залагаат за развој на дигиталниот и интерактивниот маркетинг во земјата.
Како дел од глобалната iab мрежа, оваа асоцијација има за цел:
да ги спои професионалците од областа на Маркетингот;
да го унапреди дигитаниот маркетинг во Македонија;
да го зголеми огласувањето преку дигитални медиуми преку обуки предводени од лидери во индустријата;
Да постави стандарди за дигитално огласување на пазарот и мерења да податоците во врска со истото;
Да организира семинари, подиумски дискусии, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми;





