Старо-новиот собраниски спикер Талат Џафери од новите министри побара почитување на Уставот и на законите на Република Македонија, а тие ја повторуваа заклетвата, но изговарајќи „Северна“.
За користењето на претходното уставно име на македонската држава техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи беше разрешена од Собранието само по еден и пол месец на функцијата, па твитерџија повика така да се постапи и со Џафери.






